Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За само една година 116 лица загинале во сообраќајни незгоди

/

пред 1414 дена

Сподели преку :

За само 24 часа, двајца загинати во сообраќајни несреќи, еден во Гевгелија, друг во Битола. На македонските патишта се вози без возачки дозволи, со нерегистрирани возила, но и под дејство на алкохол. Дали лошите патишта или човечки фактор е причината во која секојдневно гинат луѓе. Македонија во последните 15 години бележи најголем пад на бројот на жртви, сепак само минатата година 116 луѓе го загубиле животот во сообраќајни несреќи.

Брзо возење, алкохол,користење мобилен телефон, преминување на црвено – се само дел од причините за зголемениот број на сообраќајни несреќи на македонските патишта во кој секојдневно се губат човечки животи.

Зголемената магла, ниските температури, влажните коловози ке бидат дел од проблемите со кои возачите ќе се соочуваат во овој период- па затоа од советот за безбедност препорачуваат внимателно возење, почитување на сигнализацијата и користење на зимска опрема. Денеска во Струмица со положување на цвеќе и симболично испишаниот број 116 беше одбележано сеќавање на жртвите на сообраќајни несреќи во нашата држава.