Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Влатко Стефановски ја освои најпрестижната хрватска дискографска награда

/

пред 1759 дена

Сподели преку :

Нашиот гитарист,, композитор и пејач, од светски глас, Влатко Стефановски, ја доби најголемата дискографска награда на Хрватска, „Multiplatinum award“. Наградата ја доби за исклучителни дискографски постигнувања во музиката. На Стефановски признанието му беше врачено на сцената на познатата загребска концертна сала „Ватрослав Лисински“, за време на неговиот концерт. Наградата му ја врачи директорот на „Кроација рекордс“, Желимир Бабогредац.

На концертот, Стефановски го промовираше најновиот албум – „Тафталиџе шафл“. Тој настапи со неговото трио, во кое се неговиот син Јан, на тапани и Иван Кукуќ , на бас-гитара. На клавијатури ги придружуваше Дамир Имери. Гостин на концертот беше актерот Раде Шербеџија.