Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Загадениот воздух и возраста ризик факторите за предвремено породување- алармираат лекарите

/

пред 686 дена

Сподели преку :

Честичките на загадениот воздух доаѓаат и до неродените бебиња, а ниту утробата на мајката не може да го заштити фетусот од загадените честички. Бремените жени кои живеат во средини со високо ниво на загаденост, имаат поголема веројатност да родат предвреме. Но освен аерозагадувањето има и други фактори кои имаат улога во предвремените породувања, алармираат лекарите.

На клиниката за гинекологија годишно се раѓаат околу 4 илјади бебиња, а минатата година повеќе од 650 биле предвремено родени. Првото најмладо преживеано недоносено бебе е родено за време на 23-та гестациска недела, а се зголемува и бројот на преживеаните вели примариус доктор Петковска.

Повеќето предвремено родени бебиња ќе се развијат како нивните врсници. Но, колку порано ќе се роди детето во однос на терминот, толку е поголема веројатноста дека ќе има одредени развојни проблеми. Клиника за гинекологија и акушерство како најповикана институција и прв дом на сите предвреме родени од крајот на годинава започунува бесплатна скрининг програма за детекција на преекламсија.

На Универзитетската Клиника за гинекологија денеска се одбележи Светскиот ден, еден од најважните денови во годината за подигање на свеста за предизвиците на предвременото родените бебиња.

Симона Петровска