Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Загина маж во Хрватска врз неговото возило се урна карпа на патот над Дубровник

/

пред 608 дена

Сподели преку :

Изутринава 30 минути по седум часот на хрватскиот државен пат Д-8, над градот Дубровник, се случи тешка сообраќајна несреќа во која загина еден маж, објави Index.hr.

Според неофицијални информации, голема карпа паднала врз комбе со дубровнички регистарски таблички, кое се движело од Жупа кон Дубровник. По ударот од карпата возилото се превртело на покрив.

Како што информираа од полицијата, на местото на несреќата починал 31-годишен хрватски државјанин, а повреден е 20-годишен хрватски државјанин кој е пренесен во Општата болница во Дубровник.

Полицијата ја заврши истрагата, три часа по несреќата сообраќајот е повторно отворен во двата правца.