Двајца пилоти загинаа во пад на полициски хеликоптер во југоисточна Турција, а едно лице е повредено, објави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја на „Икс“.
Хеликоптерот полетал од аеродромот во Хатај и бил на пат кон аеродромот Газиантеп – и двата лоцирани во јужна Турција, но контактот бил изгубен доцна вчеравечер.
Причината за несреќата сè уште не е јасна.











