Ако 10 години само се формираат работни групи, а немаме исчекор напред, значи дека правиме манипулација и не сакаме суштински измени на изборниот законик, изјави Моника Зајкова, пратеничка на ЛДП, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.
„Забелешките на ОБСЕ и ОДИХР може многу лесно да се усвојат, бидејќи тие се изготвени од експерти. Едноставно нема простор да дебатираме. Повторно финансирањето веројатно е проблем за некого“, смета Зајкова.
Зајкова смета дека дебатата треба да се фокусира на сосема нов изборен законик, затоа што, како што рече, „ова една третина никого не спречувало да биде поднесен и да се усвојат забелешките, бидејчќи самиот е дел од реформската агенда“.
„На Македонија ѝ треба нов изборен законик во кој ќе се регулираат сите работи. Не само финансирањето на платеното политичко рекламирање, но и другите финансирања кои што ги добиваат, условно кажано, поголемите партии, како аналитички центри и слично. Но, сериозно треба да се разговара и за отворени листи, бидејќи навистина сметам дека отворените листи може да доведат до суштински промени во изборниот процес и во распределбата на силите во парламентот, но и во она што знали директна одговорност пред граѓаните“, истакна Зајкова.
С.Д.











