Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заканите со бомби ќе остават последици кај средношколците

/

пред 1418 дена

Сподели преку :

Лажните закани за поставени бомби ќе остават последици врз психичкото здравје на средношколците. Психолозите се децидни, со средношколците мора да се работи за да го надминат стравот кој свесно или потсвесно го имаат кога одат на училиште. Денеска по осми пат МВР регистираше лажи закани за поставени бомби во скопските средни училишта. Првата лажна дојава беше испратена на 26ти октомври.

Заканите за бомби во средните училишта се многу повеќе од играње со безбедносните служби бидејќи оставaат трајни последици врз учениците и нивните родители кои што сосема оправдано почнаа да се плашат за безбедноста. Лажните закани за бомби кои што се случуваат два до три пати неделно го доведуваат во прашање и нормалниот тек на наставата и едукацијата на средношколците, идните академци.

Психолозите се децидни – оваа состојба ќе влијае на менталното здравје на ученците бидејќи не се чувствуваат безбедно кога се во училиште.

Министерот за образование Јетон Шеќири, најави дека изгубените часови поради лажните закани за бомби ќе се  надополнуваат по завршување на редовните часови и прават  план за конкретно решение.

Денеска по осми пат МВР регистираше лажни закани за поставени бомби во скопските средни училишта. Првата лажна дојава беше испратена на 26ти октомври.

МВР засега без детали околу истрагата, освен тврдењата на министерот Спасовски дека мејловите со заканите се испратени од ИП адреси во странство. Пред една недела скопската полиција приведе едно лице под сомнение дека ги испраќа мејловите со закани, но експресно беше пуштен во недостиг на докази.

Симона Петровска