Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Законските измени за укинување на техничката влада пред собраниската Комисија за политички систем

/

пред 165 дена

Сподели преку :

Предлог-законот за изменување на Законот за Владата на Република Македонија, со чии законски измени почнува постапката за укинување на техничката влада, денеска е пред членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно-правната комисија.

Инаку во текот на вчерашниот ден шеесет и седум пратеници гласаа „за“ да почне процесот за укинување на техничката влада на 100 дена пред избори.

Законското решение предвидува елиминирање на досегашниот модел кој се применува од 2016 година, откако една година претходно, беше донесен Пржинскиот договор.

Во образложението од Владата, која е предлагач, стои дека, целта е да се обезбеди поголема стабилност, правна сигурност и заштита на јавниот интерес преку доследно заокружување на реформските процеси.

Почна процесот за укинување на техничката влада