Болниците во земјава кубурат со лекари специјалисти. Нивното заминување во пензија, но и во приватните болници, станува алармантно за државните клиники. Во штипската Клиничка болница најавено е дека околу 20 лекари, но и медицински сестри ќе заминат во приватното здравство. Во овој регинален центар потреба од медицински кадар има на речиси сите одделенија.
Претседателката на Здружението на приватни лекари, Лилјана Чолакова Дервишова потврдува дека во македонското секундарно здравство недостасуваат најмногу анестезиолози. Според неа мора да се направи добра мапа во кои градови и региони недостасуваат одредени специјалисти. Во валандовско-гевгелискиот регион недостасуваат и гинеколози, интернисти педијатри, додека пак во велешката болница кожен, ушен, а има само еден очен лекар. Посочува за да се создаде на пример еден добар педијатар потребни се пет до шест години.
Според Чолакова-Дервишова при правењето на здравствените реформи мора да се види дали специјализациите се правилно распределени по регионите, со цел да не трпи системот, но пред се пациентите. Забележува национална стратегија е потребна, за да не си дозволиме како во Полска на повик да се повикуваат лекари специјалисти на возраст од 90 години.
Викторија Јованова











