Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Западни претставници: Путин би можел на 9. мај да објави војна и да започне општа мобилизација

/

пред 1616 дена

Сподели преку :

Рускиот претседател Владимир Путин би можел официјално да и објави војна на Украина на 9 мај, што би овозможило целосна мобилизација на руските резервни сили, сметаат американските и западните претставници, пишува Си-Ен-Ен.

Официјалните лица веруваат дека едно сценарио е многу веројатно, а тоа е Путин официјално да и објави војна на Украина на 9 мај. До денес, руските официјални лица инсистираа дека конфликтот е само „специјална воена операција“ со централна цел „деназификација“.

„Мислам дека ќе се обиде од својата специјална операција да премине во војна“, изјави британскиот министер за одбрана Бен Валас минатата недела за радио ЛБЦ.

Валас додаде дека „нема да биде изненаден доколку Путин на 9 мај изјави дека сега е во војна со светските нацисти и дека мора масовно да ги мобилизира Русите“.