Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Запленети девет пиштоли, едно лице во притвор – Царина спречи обид за шверц на оружје на „Богородица“

/

пред 261 дена

Сподели преку :

Спречен e обид за сериозен меѓународен криминал, при што запленети се девет пиштоли од кои пет со голема пробивна моќ, а македонски државјанин е лишен од слобода и се наоѓа во притвор.

Како што соопштија од Царинската управа, делото е откриено на граничниот премин „Богородица“, на излез од државата, при детален претрес на возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин при што во кровот, меѓу лимот и тапацирот, се пронајдени пиштоли од марката „Црвена Застава“.

„Случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги кое го лиши од слобода лицето и по преземање на предистражни дејствија против него е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело „неовластено држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“, казниво согласно Кривичниот законик“, наведуваат од Царинската управа.