Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Започна првиот уписен рок на УКИМ – слободни речиси 10 илјади места

/

пред 425 дена

Сподели преку :

УКИМ од денеска, УГД од утре. Без малку 15 илјади слободни места им понудија двата најголеми универзитети на идните бруцоши..Очекувањата се дека најголем интерес ќе има за инорамтичктие науки и тоа во Скопје.

„Во конкурсот се предвидени вкупно 9.719 места на 23 факултети – од нив 4.683 за редовни студенти во државна квота, 4.081 за редовни со кофинансирање и 955 за вонредни,“ се вели во сопштението на УКИМ

Најмногу места и годинава има на ФИНКИ – 1.020, потоа на Природно-математичкиот факултет со 910, Филозофскиот со 880 и Медицинскиот со 760 слободни места. За идни правници на УКИм се нудат 610 слбодно места. Капацитетите за студирање на Јустинијан први во изминатите години е преполовен.

„Партиципацијата за студентите во државна квота изнесува 200 евра, а за оние со кофинансирање и вонредните – 400 евра. Скоро еднаква е распределбата на местата во двете графи,“ 

Вториот уписен рок ќе се одржи на 11 и 12 септември, а третиот на 24 септември. Штипскиот универзтитет обајви дека од утре во прв уписен рок нуди 4063 места, од кои 2168 се предвидени за редовни студенти во државна квота… ИЗвесно е дека голем број места на факутлетите ќе останат непополнети со оглед дека околу 15 илјади средношколци го остварија правото на студирање и полагаа државна матура, а бројот на места на неколкуте универзитет е далеку поголем.

Марија Коцева