Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Започна увидот во опожарената фабрика „Макпрогрес-Винчини“ во Виница

/

пред 405 дена

Сподели преку :

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани денеска го започна увидот по големиот пожар што избувна во фабриката „Макпрогрес-Винчини“ во Виница.

Увидните дејствија ќе продолжат и во наредните денови, бидејќи во делови од магацините за суровини и готови производи сè уште има жаришта што тлеат. На терен се поставени и противпожарни возила, со цел да се заштити плинската станица која, за среќа, не била зафатена од огнот.

Најавено е присуство на вешто лице – електроинженер, кое ќе помогне во утврдување на причините за избувнувањето на пожарот.

Во тек е прибирање на доказен материјал – обезбедени се снимки од видео надзор, а се преземаат и други истражни активности со цел целосно расветлување на настанот.