Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Започна увидот во опожарената фабрика во Тетово

/

пред 1585 дена

Сподели преку :

Кои биле причините за настанувањето на пожарот во поранешната фабрика Македонија Табак треба да покаже увидот, кој започна денеска.

На местото 4 дена дежураа пожарникарите поради лесно запалливиот материјал, па откако се создадоа услови, обвинителите и експертите се на терен.

Од локалната самоуправа велат дека биле максимално искористени општинските капацитети во поплавата и пожарот, кои се случија едноподруго, при што се потенцирала потрабата од повеќе пожарникари и опрема.

Градоначалникот Биљал Касами рече дека чекаат владина помош.

Пожарот кој се случи во понеделникот наутро, по 10 часа беше локализиран, а дури вчера целосно изгаснат.

Општината им наложи на сопствениците на приватната компанија по завршување на правното вештачење во најкраток можен рок да го санираат отпадот од пожарот врз основа на еколошки стандарди.

Данијела Билбилоска