Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Запре коридорот за транспорт на украинско жито по Црно Море

/

пред 1436 дена

Сподели преку :

Денеска нема да има движење на товарни бродови со украинско жито низ Црно Море, јави Заедничкиот координативен центар од Истанбул, кој го следи исполнувањето на меѓународниот договор за извоз на украинските житарки, што беше потпишан летово. Синоќа Москва донесе одлука да го прекине своето учество во договорот поради нападите со беспилотни летала врз руски бродови во Севастопол, на Крим. Но, украинскиот претседател обвини дека Русија веќе со недели го попречува транспортот и барала причина за целосно да го прекине.

Русија прави сѐ за да милиони африканци, милиони жители на Блискиот Исток и Јужна Азија бидат принудени да се соочат со вештачки глад, или во најмала рака, тешка ценовна криза. Но, зошто неколку луѓе, некаде во Кремљ, да смеат да одлучуваат дали луѓето во Египет, или Бангладеш, ќе имаат храна на масата? Што е тоа? Светот има моќ за да ги заштити луѓето од ова, порача Зеленски.

Американскиот претседател Џо Бајден, руската одлука ја нарече срамна и предупреди дека таа ќе предизвика зголемување на кризата со храна.

Нема причина зошто да го направат тоа. Но, тие секогаш бараат некакво образложение за да можат да кажат дека причината поради која направиле нешто срамно е затоа што западот ги натерал. Тоа се глупости. Нема оправдување за тоа што го прават. ООН нации го постигнаа договорот, изјави бајден.

Два месеци интензивни дипломатски напори лично од Генералниот скеретар на ООН Антонио Гутереш и со посредство на Турција, беа потребни за да се постигне договорот за извоз на украински житарки и земјоделски производи. Потпишан на 22 јули, беше замислен да важи 120 дена и беше поздравен како голем дипломатски успех со кој се спречи глобална криза со храната. Но уште од самиот почеток Русија критикуваше дека извозот на нејзините земјоделски производи постојано се попречува и повеќе пати се закануваше дека нема да се согласи за продолжување на договорот.

Игор Трајков