Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заради злоупотреба на моќ, опструкција и корупција се отвора истрага за импичмент на претседателот на САД Џо Бајден

/

пред 1144 дена

Сподели преку :

Американскиот конгрес ќе отвори формална истрага за импичмент на претседателот Џо Бајден.

Ваквата одлука ја соопшти републиканецот Кевин Мекарти, кој е претседател на овој законодавен дом, и според кого процедурата ја почнуваат поради наводите за злоупотреба на моќ, опструкција и корупција на американскиот претседател, членови од неговото семејство и блиски соработници.

Републиканците спроведуваат истраги за Бајден откако ја презедоа контролата врз претставничкиот дом во јануари.

Сослушувањата што ги спроведоа не открија конкретни докази за недолично однесување, но успеаја да откријат повеќе деловни зделки на синот на претседателот – Хантер Бајден, за кои републиканците велат дека се сомнителни, како и за тоа дека Бајден знаел за бизнисите на својот син.