Управителот и сопственикот на фабриката од Трубарево, која сѐ уште гори, во моментов се наоѓа во полициска станица на информативен разговор за да се доутврдат причините за пожар.
Полицијата постапува по насоки од Јавен обвинител.
Во исто време во Министерството за внатрешни работи се одржува состанок на Управувачкиот комитет за справување со кризи за да се утврдат дополнителни насоки и препораки за справување со кризата која што настана со неколкуте последователни пожари во околината на Скопје.











