Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Засега нема никаква официјална понуда ниту преговори за странски удел во МЕПСО, велат од владата

/

пред 1067 дена

Сподели преку :

Откако дел од грчките медиуми пишуваа дека грчкиот електроенергетски оператор ИПТО планира да ја зајакне својата позиција на балканскиот пазар со тоа што ќе стекне удел во македонскиот оператор МЕПСО, денеска ваквата информација ја негираше вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Тој рече дека добро е кога некој сака да инвестира во нашата држава, но засега нема никаква официјална понуда ниту преговори, за странци да купат дел од компанијата.

Според порталот „Енерџи прес“, освен во Македонија, компанијата планира инвестиции и во Романија и Италија.