Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Застрелан во автомобил додека ја чекал сопругата пред работното место – поранешен член на администрацијата на Трамп во критична состојба

/

пред 998 дена

Сподели преку :

Член на администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп е во критична состојба, откако беше застрелан во Вашингтон при обид за кражба на неговиот автомобил, соопшти семејството. Медиумите во САД објавија дека станува збор за Мајк Гил, кој од 2016 година до 2019 година беше шеф на персоналот на тогашниот претседател на американската комисија за трговија со стоки.

Осомничениот наводно влегол во автомобилот на Гил, го застрелал и побегнал. Од полицијата наведуваат дека обидот за кражба на автомобилот на Гил е само еден во низата на слични инциденти кои истата вечер се случиле во Вашингтон и неговата околина.

Во полициското соопштение се наведува и дека Гил се здобил со повреди кои се „критични по неговиот живот“. Гил бил нападнат во неговиот автомобил додека ја чекал сопругата пред нејзиното работно место.