Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Затворени два угостителски објекта во Тетово и еден во Гостивар – утврдени низа неправилности при контроли во 16 локали

/

пред 578 дена

Сподели преку :

Два угоститетелски објекти во Тетово и еден во Гостивар се затворени од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) по полициските контроли во вкупно 16 на подрачјето на двата града во кои биле утврдени низа неправилности

„Полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар, во содејство со претставници од Управата за финансиска полиција, Управата за јавни приходи, Државен пазарен инспекторат, Дирекцијата за заштита и спасување, Градежен инспекторат и Комунална инспекција, извршиле акциска контрола и презеле координирани мерки и активности насочени кон сузбивање на недозволени криминални активности кои се вршат во угостителски објекти на подрачјето на Тетово и Гостивар, со приоритетна цел на сузбивање на недозволена трговија со дрога, посредување во вршење на проституција, перење на пари, коруптивни кривични дела од страна на службени лица вработени во државни институции поврзани со незаконско работење на субјекти кои вршат угостителска дејност и други нелегални активности“, соопшти министерството за внатрешни работи.