Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Завршни зборови на обвинителството во случајот со Вања и Панче

/

пред 497 дена

Сподели преку :

Со завршни зборови на обвинителството, денеска продолжи судењето за убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски во Основниот кривичен суд Скопје. Обвинителката Жаклина Јосифовска истакна дека обвинетите заслужуваат не само правна, туку и морална осуда, бидејќи станува збор за свирепо убиство на дете.

Таа објасни дека обвинетите пред да го извршат делото, внимателно сковале план за грабнување на возило кое ќе може да се движи незабележано и избрале жртва со услов што ќе им овозможи лесно извршување на злоделото.

За ова го избрале 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, чие возило „цитроен“ имало голем багажен простор, кој им бил потребен за криење на другите лица. На 22 ноември тој бил киднапиран и убиен. Потоа, обвинетите на 24 ноември се обиделе да ја грабнат Вања, но не успеале.

На 27 ноември, откако добиле информации од таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, дека таа ќе оди сама на училиште, го извршиле грабнувањето и ја убиле, порача обвинителката Јосифовска во завршните зборови. Откако ќе заврши изнесувањето на завршните зборови се очекува да се слушне колкава казна ќе бара обвинителството за обвинетите во случајот.