Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зелен хуман град со барање до Град Скопје да ургира за информација до каде е постапката против Цементарница УСЈЕ

/

пред 251 дена

Сподели преку :

Зелен хуман град (ЗХГ) испрати барање до Град Скопје, како подносител на кривичната пријава во 2023 година против Цементарница УСЈЕ, да достави ургенција до обвинителството со која ќе добие информација во која фаза е и кој е статусот на постапката. Ако е запрена привремено, кога се очекува да продолжи и зошто тоа се случило, ако е запрена трајно кое е образложението, пишува во соопштението на Зелен хуман град.

Додаваат дека усвојувањето на заклучокот со кој советот на Град Скопје ја издвои Цементарница УСЈЕ како најголем загадувач и препорача до органите на централната власт нејзина дислокација е одличен почетен чекор, но не е доволен сам по себе.

Градот Скопје, како подносител на кривичната пријава, е должен да се бори за процесот да не запре и да биде изречена соодветна казна, велат од Зелен хуман град.