Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски: ЕУ да го деблокира планираниот пакет заем од 90 милијарди евра за Украина

/

пред 228 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика Европската Унија да го одобри пакетот заем од 90 милијарди евра (105 милијарди долари) за Украина, кој моментално е блокиран од Унгарија.

-Ова е вистинска финансиска гаранција за нашата безбедност и нашата отпорност и мора да се спроведе, истакна денеска Зеленски во видео обраќање на седницата на Европскиот парламент.

-Им благодарам на сите што работат за да се случи тоа, рече Зеленски.

Во својот говор, Зеленски го повтори својот повик до блокот да одреди конкретен датум за приклучувањето  на Украина. Без јасна временска рамка, предупреди тој, рускиот претседател Владимир Путин ќе се обиде да го блокира приклучувањето на Украина во ЕУ „со децении со поделба на ЕУ, со поделба на Европа“.