Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски го потпиша законот со кој се врати независноста на двете клучни тела за борба против корупцијата во Украина

/

пред 443 дена

Сподели преку :

Украинскиот Парламент денеска со големо мнозинство го поддржа предлог законот поднесен од Претседателот Володимир Зеленски со кој се обновува независноста на две од клучните институции за справување со корупцијата, поништувајќи ја сопствената одлука од минатата недела со која ги ограничи нивните овластувања.

Одлуката на Зеленски да ја стави контролата врз анти-корупциските тела во рацете на јавниот обвинител, предизвика протести на Украинците во повеќе градови во државата и покрај руската агресија, додека негативно реагираа и Европската Унија и меѓународните групи за заштита на човековите права.

Првиот предлог на Зеленски ги зголеми стравувањата дека владата би можела да се меша во истрагите и потенцијално да ги заштити своите поддржувачи од ригорозна контрола.

Борбата против системската корупција е клучен предуслов за Украинските аспирации за членство во ЕУ и задржување на пристапот до милијардите долари Западна помош во речиси три и пол годишната војна со Русија.

Но, истовремено и Украинската јавност силно ја поддржува борбата против корупцијата.

Зеленски изјави дека го потпишал предлог законот кој го усвои Украинската Рада, неполни два часа по завршувањето на парламентарната процедура, што е невообичаено брзо потпишување на кој било закон.