Украина нема да го напушти Донбас, порача украинскиот претседател Володимир Зеленски во разговор со новинарите. Одговарајќи на прашање „каква конфигурација на територијална размена предлагаат Американците“, шефот на државата нагласи:
„Нема да го напуштиме Донбас. Тоа не можеме да го направиме. Сите го забораваат првиот дел – нашите територии се незаконски окупирани“.
Зеленски додаде дека Донбас за Русите е „отскочна даска за нова офанзива во иднина“.











