Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски потврди трилатерални разговори Украина–САД–Русија

/

пред 245 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека трилатерални разговори меѓу Украина, САД и Русија ќе се одржат во среда и четврток во Обединетите Арапски Емирати.

Тој најави дека денеска ќе се одржи состанок за усогласување на рамката на разговорите и подготовка на делегацијата… Зеленски изјави дека украинскиот тим ќе отпатува за Емиратите во понеделник навечер и изрази очекување дека американската страна ќе биде „подеднакво активна“.

Како клучна тема ги посочи мерките за деескалација, особено намалувањето на нападите… Коментирајќи го рускиот напад врз автобус со рудари во кој загинаа 15 лица, Зеленски изјави дека станува збор за „очигледно злосторство“ кое, според него, уште еднаш покажува дека Русија е одговорна за ескалацијата на конфликтот.