Рускиот претседател Владимир Путин се плаши од САД, а потврда за тоа е намалениот интензитет на бомбардирања на Киев за време на посети на американски претставници, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Пристигна генерал Келог и немаше масовни бомбардирања две ноќи во низа. Тоа е интересен пример. Луѓето дури почнаа да се шегуваат дека треба да му дадеме украински пасош“, рече Зеленски за „Њузмакс“
Според него, Путин покажува внимателност кога претставници на САД се наоѓаат во Украина.
„Тој заплашува, уценува, прави тензии, но не оди на целосна ескалација. Тоа значи само едно – дека Путин се плаши од Америка. Тоа го говорев цело време и на американскиот претседател. Вака или онака, Путин се плаши од САД. Сигурен сум во тоа“, смета Зеленски.











