Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија во текот на изминатата ноќ лансирала речиси 300 напаѓачки дронови, главно „Шахеди“ во Украина, како и 50 ракети од различни видови, од кои значаен дел биле балистички.
„Нападите беа насочени кон Киев и регионот, Днепар, Кировоград, Николаев, Одеса, Полтава и Суми. За жал, едно лице беше убиено во областа Фастив. Осум лица беа повредени, вклучувајќи и едно дете. Главна цел на нападот беше енергетскиот сектор. Оштетени се и обични станбени згради, а има и штета на железницата“, објави Зеленски на платформата Икс.
Тој рече дека „Москва продолжува да инвестира повеќе во напади отколку во дипломатија“.
„Само оваа недела, Русија лансираше повеќе од 1.300 борбени беспилотни летала против Украина, над 1.400 наведувани воздушни бомби и 96 ракети од различни видови, вклучувајќи десетици балистички. Затоа треба да ја зајакнеме нашата воздушна одбрана. Ни требаат системи што ефикасно се спротивставуваат на балистичките закани“, додава Зеленски.











