Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата е исклучително тешка на некои точки на фронтот, особено што земјата се соочува со недостиг на муниција.
Тој вели дека Киев со своите партнери работи максимално напорно за да ја обнови и прошири поддршката за Украина.
Им се заблагодари на своите сонародници, украинските компании и партнерите на Украина, кои веќе произведуваат оружје, артилериски гранати, беспилотни летала и системи за електронско војување во земјата.
Руската армија е во офанзива во источна и јужна Украина и неодамна го зазедоа силно утврдениот град Авдиивка во регионот на Доњецк, што е нивна прва голема победа по заземањето на Бахмут во мај 2023 година.











