Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека следните мировни преговори меѓу Москва и Киев се закажани за в среда, по двата претходни состанока што се одржаа во Истанбул без многу успех.
За време на последните разговори во јуни, Русија ги повтори своите барања, вклучително и отстапување на четири региони на Украина покрај Крим, анектиран во 2014 година, како и откажување од целата западна воена помош и членството на Украина во НАТО.
„Денес разговарав со Рустем Умеров за подготовката за размена на затвореници и за уште еден состанок во Турција со руската страна. Умеров извести дека состанокот е планиран за среда. Повеќе детали ќе следат утре“ изјави Володимир Зеленски, украински претседател.
Украина ги отфрли тие барања, сметајќи го за ултиматум. Сепак, Кремљ изрази подготвеност да ги продолжи преговорите со Украина.











