Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски со апел до лидерите на Г20: Вратете го мирот и ставете крај на руската војна

/

пред 1420 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика лидерите на Г20 да станат „ко-креатор на мирот“ и да стават крај на „агресивната“ војна на Русија.

„Убеден сум дека сега е моментот кога руската деструктивна војна мора и може да се запре“, рече Зеленски во видео обраќање на самитот на Г20 на Бали.

„Секој ден одложување значи нови загинати Украинци, нови закани за светот и лудо зголемување на загубите поради продолжување на руската агресија – загуби за сите во светот“, нагласи тој.

Украинскиот лидер рече дека мирот е „глобална вредност“ која е важна за секој човек во светот, и ги повика лидерите да преземат акција за да обезбедат нуклеарна безбедност, безбедност на храната и енергијата, да го обноват меѓународното право и да и помогнат на Украина да ја прекине војната.

„Ако Русија се спротивстави на нашата формула за мир, ќе видите дека таа сака само војна“, рече Зеленски.