Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Земјоделците се повеќе се откажуваат од садење на домати и краставици

/

пред 1605 дена

Сподели преку :

Краставицата стаса за берба, но нема големи количини од оваа култура во струмичко. Земјоделците се повеќе се откажуваат од садење на домати и краставици на сметка на друг зеленчук. Оваа година и покрај побарувачката, цената не е за пофалба.

Ниските цени преминуваат во тренд за оваа пролетна сезона. После катастрофалниот старт со зелката, во иста насока се и другите производи.

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, пак, порачуваат земјоделците да не се разочаруваат и да се насочат кон производство на храна, особено на житни култури, затоа што потребата од храна на светско ниво се повеќе расте.

Сузана Мицева