Раскопани улици, кал до колена, искинати пластеници и уништени посеви. Вака ги затекна утрово земјоделците од Куклиш, кои растрчани по полето ги сумираат штетите од вчерашното силно невреме.
Жителите велат дека се обидуваат да спасат што може да се спаси, но најмногу се погодени културите на отворено. .
Дожд и град врнеше околу еден час вчера попладне во Струмица. Според Управата за хирометреолошки работи во овој регион наврнале околу 43 литри на метар квадратен. Најмногу штети има на бостанот кој веќе има врзан плод.
Од општина Струмица порачуваат да се пријавуваат штетите и доколку станува збор за голема површина ќе се активира и комисијата за проценка на штети.
Сузана Мицева











