Утрово во 05:42 часот земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала со епицентар во селото Текија е регистриран во регионот на Кладово, а се почуствувал и во Ниш, Зајечар,Неготин, Долни Милановац ,Бор и во другите градови во источниот дел на Србија , соопшти Републичкиот сеизмолошки завод.
Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат помали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје, јавуваат српските медиуми.
Засега нема извештаи за евентуална штета.











