Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа на границата меѓу Панама и Костарика, соопшти германскиот истражувачки центар за геофизика.
Според GFZ, земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.











