Утрово во 9 часот и 47 минути регистриран земјотрес во околината на Крагуевац, објави Републичкиот сеизмолошки завод.
Земјотресот бил со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала, а се тресело и во Јагодина, Пожаревац, Свилајнaц и во Белград.
Потресот бил почувствуван и во соседна Бугарија на околу 130 километри од епицентарот пишуваат регионалните медиуми.











