Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зголемен број на впишани хипотеки во вториот квартал од 2025 година

/

пред 332 дена

Сподели преку :

Во периодот од април до јуни 2025 година се впишани вкупно 2.876 хипотеки врз недвижности со вкупна вредност од 551,5 милиони евра и 8,3 милијарди денари, покажува Извештајот за работата на Агенцијата за катастар на недвижности за вториот квартал.

Од нив, 1.522 хипотеки се запишани во Центарот за катастар на недвижности во Скопје, а 1.354 во останатите 29 одделенија низ државата.

Во споредба со првиот квартал, бројот на впишани хипотеки е зголемен за 280, што укажува на континуиран раст на хипотекарната активност.

Според податоците на Агенцијата за катастар на недвижности, бројот на впишани хипотеки врз недвижности бележи постојан раст во последните години.

Минатата година биле запишани 8.748 хипотеки во вредност од над 1,7 милијарди евра, додека во 2023 година биле регистрирани 7.844.

Паралелно, во третиот квартал од годинава во Регистарот на цени и закупнини се внесени 6.135 купопродажби на недвижности, што е за 580 повеќе од претходниот квартал.