Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зголемени акцизи на цигари, алкохол, гориво и брзата храна, предлага Клековски

/

пред 299 дена

Сподели преку :

На прашањето во вечерашната состојба „Директно“ за тоа кои се алтернативните извори за да се подобри состојбата во Фондот за здравство, директорот Клековски истакна дека издвојувањата за здравство од јавните финансии се околу 13% и тие се на солидно европско ниво.

  • Значи ние имаме генерално малку издвојување за јавните финансии бидејќи имаме најниски даноци и социјални придонеси во регионот и во Европа. Во една таква ситуација каде што нашата политика е да останеме земја со ниски даноци и придонеси, јас една од можностите ја гледам низ акцизи на работите кои предизвикуваат штети по здравјето. Значи зголемени акцизи на цигари, алкохол, гориво (најевтино е во регионот) и барање модел на акцизно оданочување на брзата храна, бидејќи дел од болестите се поврзана со лоша храна, рече Клековски.