Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зголеменото производство на природен гас дополнително ќе ги влоши ефектите од глобалното затоплување

/

пред 1424 дена

Сподели преку :

Зголемувањето на капацитетите за производството на природен гас ги поткопува напорите за ограничување на глобалното затоплување на 1,5 степени, покажува последниот извештај, објавен за време на климатскиот самит во египетското одморалиште Шарм ел Шеик. Изградбата, како и плановите за дополнителни на капацитети за ликвификација на природниот гас, поради енергетската криза педизвикана од руската инвазија врз Украина, ќе предизвика испуштање на дополнителни 2 милијарди тони јаглерод диоксид во атмосферата до 2030 година, се вели во денеска објавениот извештајот на Climate Action Tracker.

Бевме прилично шокирани кога дознавме колку многу апсолутно големи проекти за гасоводи  се во подготовка ширум светот, кои повеќе од двојно ќе ги зголемат капацитетите за природен гас до 2030 година, и ќе бидат далеку повеќе отколку што ни е потребно за да ја постигнеме целта од 1,5 степени, поставена од Меѓународната енергетска агенција. Околу 70 проценти од дополнителните капацитети кои се планираат, всушност доаѓаат од северна Америка, изјави климатскиот аналитичар Бил Хари.

Токму поради ова, експертите сега стравуваат дека ваквата експанзија на капацитетите за производство на природен гас ќе резултираат со забавување на инвестициите во зелената енергија.

Значи тоа е само еден од големите ризици. Тоа нема да ги намали штетните емисии на начин како што тврди индустријата на природен гас. Едноставно, не се троши толку голема количина на јаглен, која би се заменила со гас, за тоа да биде ефикасно. Сега веќе земјите треба директно да се префрлаат од јаглен на обновливи извори, смета Хари.

Пред 20-на години, на природниот гас се гледаше како на мост помеѓу јагленот и обновливите извори. Но сега, достапноста на ефтини обновливи извори и подоброто разбирање на влијанието на метанот врз животната средина, го променија мислењето на експертите.

Вистина е дека многу одамна јас мислев дека тоа може да биде мостот од фосилните горива кон обновливите извори. Но, сега мислам дека тоа е мост кој не води никаде, вели поранешниот претседателски кандидат и потпретседател на САД, Ал Гор.

Тој појасни дека една молекула на метанот има 82,5 пати поголема способност да ја задржува топлината од една молекула на јаглерод диоксид. Поранешниот американски потпретседател вели дека поради тоа може да се каже дека природниот гас е поштетен од јагленот.

Кога ќе ја направите математиката, истекување на само 2 до 3 проценти на метан, комплетно ги побива придобивките од природниот гас, вели Гор.

Нормално, бизнисот не се согласува со него. Војната во Украина на американските производители на природен гас им донесе огромно зголемување на профитите, додека европските земји се обидуваа да најдат нови доставувачи кои ќе го надоместат недостатокот поради забраната за увоз на руски енергенси.

Извршната директорка на Американската асоцијација за гас, Керен Херберт, вели дека на глобално ниво оваа година се случи промена во сфаќањето за важноста на енергенсите, не само за економијата, туку и за безбедноста.

 

 

Глобалната дискусија се промени. А промената е во препознавањето на важноста на енергијата, не само за економската безбедност, туку и за националната безбедност. Бидејќи во овој случај природниот гас не е клучен само за опстанокот на Украина, туку може многу да направи и во намалувањето на штетните емисии во светски рамки. Може многу да направи за извлекување на народите од енергетска сиромаштија. А овде во САД, ние сме благословени со тоа што имаме толку многу природен гас, смета Херберт.

Но, Гор предупредува да не се занемаруваат долгорочните поради краткорочните цели. Според него, таквите ограничени политики ќе ги направат земјите зависни од фосилните горива уште многу години.

 

 

Знаете, богатите држави кои се спротивставуваат на злобната и ужасна инвазија на Украина од страна на Путин, треба да избегнат мешање на краткорочното со долгорочното. Тоа значи да се избегне мешање на разбирливата потреба од надополнување на испораките на фосилните горива, кои Русија ги запре за да го уценува западот. Секако, ние го разбираме тоа. Но, не користете го тоа како изговор, или не бидете наведени да го користите тоа како причина да направите долгорочни инвестиции, кои ќе ве обврзат на уште поголема зависност од фосилните горива за уште многу години, вели Гор.

Веќе намалените изгледи за ограничување на затоплувањето, барем за само неколку десетинки од степен, се дополнително поткопани во експанзијата на производство на течен и други видови на природен гас, предизвикани од енергетската криза која произлезе од руската инвазија на Украина.

Извештајот на Climate Action Tracker пресметува дека ако се изградат сите планирани капацитети за прозиводство и складирање, ќе се добие пет пати повеќе природен гас од количината која требаше да се надополни со прекинувањето на руските испораки.