Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Жељазков- Кошта: Бугарија нема да поставува нови услови за Скопје

/

пред 486 дена

Сподели преку :

Бугарскиот премиер Росен Жељазков денеска истакна дека спроведувањето на компромисот од 2022-ра и уставни измени во Македонија за вклучување на бугарската заедница остануваат неопходен услов за почеток на преговори со ЕУ. Владата на Бугарија преку соопштeние информира за средбата на Жељазков со претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта на којa бугарскиот премиер бил категоричен дека „Бугарија нема да поставува никакви нови услови и да го претвори процесот во билатерален“.

Ова е прашање меѓу Брисел и Скопје, порачал Жељазков, а Кошта изразил уверение дека Советот строго ќе се придржува до компромисот од пред 3 години односно до таканаречениот француски предлог и преговарачката рамка утврдена во 2022-ра.

Бугарскиот премиер ги коментирал, како што се наведува во соопштението на владата во Софија, наративите со темата за идентитетот и јазикот, во нацрт-извештајот на европратеникот Вајц и реакциите во Скопје.

Тоа е обид да се одвлече „вниманието на јавноста и во Бугарија и Република Северна Македонија од главното прашање за заштита на човековите права на Бугарите со потребните гаранции.“, соопшти владата.

Претседателот Кошта бил замолен да ги потсети колегите во Скопје дека говорот на омраза не помага во процесот и во дијалогот. Премиерот истакнал дека Бугарија, која според него се однесува како „мудра земја-членка на ЕУ“, го одржува потребниот степен на емотивна воздржаност во врска со овие „задевања“ од страна на Северна Македонија, кои веројатно се поврзани со претстојните локални избори, стои во соопштението на бугарската влада за средбата Жељазков-Кошта која се одржа во Брисел.

Најголем дел од соопштението на бугарската влада се однесува на Македонија, а во само еден цитат се спомнува дека на средбата се разговарала за влезот на Бугарија во евро-зоната.