Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Железничарот на крајот на светот утревечер пред загребската публика

/

пред 128 дена

Сподели преку :

По одржаната премиера во Скопје, перформативниот радио есеј „ Железничарот на крајот на светот“ утре вечер ќе биде изведен  во музејот „ Никола Тесла“ во Загреб. Се работи за авторски концепт на Филип Јовановски од АКТО-ФРУ, реализиран во соработка со Продукцијата „ Едноставно речено“ од Белград. Хрватската премиера на перформансот ќе се одржи во склоп на изведбената изложба на Институтот за останки од иднината, по повод 25 години постоење на хрватското здружение „ Фрлачи на сенки“.

„Железничарот на крајот на светот“ е имерзивно патување низ последните 130 години од историја на светот (1896 – 2026).  При тоа, работничките и синдикални борби на железничарите се испреплетуваат со некои од највозбудливите проблесоци на уметноста на 20 век, но и со тивкиот подем, пoвремениот пад и постојаната закана од фашизмот. Во темнината на црната кутија, публиката, лишена од сетилото за вид, е упатена, со сите други сетила, да го доживее и проживее минатото на радикалните, прогресивни, левичарски, автономистички, синдиклани и уметнички движења, и е поттикната да замисли иднина во која заложбите на овие движења се остварени.

Перформансот го развиваа Филип Јовановски и Кристина Леловац . Автори на текстот се Кристина Леловац и Максим Никифоровски, а изведбата е на Мартина Даниловска.Зад креативната продукција застана Димитар Милев, кој воедно е и соработник на сценскиот дизајн. Оригиналната музика и дизајнот на звук се на Лука Тошев, а продуцент е Ненад Пинтер.  Во истражувачкиот тим за проектот беа вклучени: Ивана Богичевиќ Леко, Ненад Пинтер и Лука Кнежевиќ Стрика од „Eдноставно речено“ и Максим Никифоровски (FRU~AKTO). Куратор е Ивана Васева.

Проектот „Железничарот на крајот на светот“ се спроведува во рамките на Програмата за финансиска поддршка на организациите на граѓанското општество (FSTP), имплементирана од Центарот за локална демократија – ЛДА- Суботица, во соработка со Фондацијата Нови Сад – Европска престолнина на културата.