Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Жежовски бил закопан во триметарска длабока јама меѓу грмушки и дрвја крај велешкото село Рудник

/

пред 1050 дена

Сподели преку :

Затскриена зад грмушки и дрвја, на тешко пристапен терен и далеку од сѐ, е дупката каде што бил закопан Панче Жежовски. Се наоѓа надвор од Велес, но е во близина на село. Сѐ уште има остатоци и предмети од активностите кои се случувале на ова место.

Јавноста е во шок, а во неверување се и најблиските на 74-годишниот велешанец, Жежовски. Во краток разговор ќерката вели – од медиумите слушаме за мотивите на убиството. И неговите сограѓани велешани велат – мирен човек, се знаеле и убаво си живееле. Запрепастени се од неговата поврзаност со убијците.

Велешанецот Жежовски е колатерална жртва, велат обвинителите. Должел релативно ниска сума кај еден од осомничените. Неговото возило било злоупотребено за киднапирање на 14-годишната Вања.

Од грабнувањето на Панче до грабнувањето на Вања, возилото негово не било во движење и не е никаде снимено од камерите на безбеден град.

Петар Догов