Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЗХГ: Дата центри во Македонија не смее да има – тие трошат огромно количество на електрична енергија и вода со што ја загадуваат животната средина

/

пред 132 дена

Сподели преку :

Во јавноста се отвори дебата по најавите на Министерството за транспорт и врски за можни законски измени во Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење, чија цел би била олеснување на инвестиции во дата центри поврзани со вештачка интелигенција.

Иако властите ваквите најави ги претставуваат како чекор кон економски развој и привлекување на големи технолошки компании, дел од граѓански организации и еколошки иницијативи изразуваат загриженост за потенцијалното влијание врз животната средина и локалните заедници.

Според здружението „Зелен Хуман Град“, овие дата центрите се инфраструктура со висока потрошувачка на електрична енергија, а најголемите капацитети во светот трошат количини споредливи со потрошувачката на десетици илјади домаќинства. Дополнително, се посочува и значителната употреба на вода за системите за ладење, што може да претставува притисок врз локалните ресурси.

Тие предупредуваат и на можни индиректни ефекти, како зголемен енергетски притисок врз мрежата поврзани со производството на електрична енергија, особено во земји со зависност од фосилни горива како што е Македонија.

Претходно министерство наведе дека дата центрите можат да донесат технолошки развој, подобрување на дигиталната инфраструктура и позиционирање на државата како регионален хаб за ИТ индустријата, иако според „Зелен Хуман Град“  бројот на директни работни места по нивното пуштање во употреба е релативно ограничен.


Извор на фотографија: „Пиксабеј“