Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Жител на Камењане уапсен за мачење на животни – организирал борба со кучиња

/

пред 174 дена

Сподели преку :

Уапсен е 38 годишен жител на село Камењане и против него ќе биде поднесена пријава за мачење на животни односно организирање на борба со кучиња.

Акцијата следува откако пред два дена на локалниот пат кон с.Камењане, во багажник на патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски таблички полицајците пронајдоа повредено куче од расата „пит бул“

Возачот на голфот  А.Д.(19) од с.Озормиште и двајцата малолетни 17 годишни соптаници од Желино се уапсени. Тие изјавиле дека кучето е  повредено при борба со кучиња во с.Камењане.

Кучето е пренесено на ветеринар на лекување, а жителот од Камењане С.Р. е задржан во полициска станица.