Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Жителите на Кочани почнаа да ги пропуштаат камионите со отпад на кочанското комуналното претпријатие, но не и на останатите три општини

/

пред 698 дена

Сподели преку :

Граѓанските активисти и жителите на Кочани од вечерва почнаа да ги пропуштаат камионите со отпад на кочанското комуналното претпријатие „Водовод“, но не и на останатите три општини Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево.

Одлуката ја донесоа вечерва на барикадата кај кочанското село Бели. Протестот им продолжува.

Инаку на средбата со кочанскиот градоначалник Љупчо Папазов беше договорено да се изгради физичка бариера околу депонијата за да се спречи неовластен пристап.

Местото да биде ставено под видеонадзор, да бидат ангажирани лица за обезбедување на теренот 24/7 и да не се дозволува неовластен влез на депонијата.

Сепак, според најавите протестот ќе продолжи и денеска со цел изнаоѓање решение на нивното клучно барање, а тоа е да не се дозволува одложување на отпад на депонијата од други општини, а одговорот го чекаат од страна на централната и локалната власт.

Најавено е и  дека ќе формираат кризен штаб составен од советници и граѓани, кои ќе го надгледуваат процесот на управување со депонијата и ќе обезбедат транспарентност во понатамошните активности.