Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Жителите на Селце и на Драгоево без сон – пожарот на Серта е на неколку километри од нивните домови

/

пред 456 дена

Сподели преку :

Жителите на штипските села Селце и Драгоево и годинава пожарот на планината Серта ги остави без сон. Од вчера повторно живеат во страв од огнот, кој е на неколку километри од нивните домови. Велат дека годинава гори најубавиот дел од планината.

Пожарникари, вработени во Национални шуми, како и со специјализацирани возила се гаси пожарот на планината Серта. Огнот, каде што поминал, оставил пустош зад себе. На истокот гори и на планината Готен на територија на општините Берово, Радовиш и Василево. Овој пожар избувна пред седум дена во село Нивичино, Василево, и се рашири во три општини, а ги зафати и Малешевските планини. На пожарот се дејствува и од земја и од воздух, а пристигна и градежна механизација, со која се прават пресеци пред самата линија, за да се спречи ширењето на огнот.

Центарот за управување со кризи информира дека денеска на територија на земјава има 12 пожари на отворено. Седум се активни од кои четири се на територија на Општина Македонски Брод. Три пожари се под контрола, а два се изгаснати.

Викторија Јованова