Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Живеачка на кредит – македонските граѓани должат над четири милијарди евра на домашните банки

/

пред 576 дена

Сподели преку :

Според најновите податоци на Народната банка, физичките лица во Македонија должат 265,46 милијарди денари или околу 4,32 милијарди евра на домашните банки.

Потрошувачките кредити имаат најголем удел во задолжувањето, со вкупен износ од 133,21 милијарди денари (2,17 милијарди евра).

Станбените кредити изнесуваат 93,7 милијарди денари (1,52 милијарди евра).

Долговите на кредитните картички достигнуваат 18,9 милијарди денари, а задолженоста на трансакциските сметки изнесува 14,54 милијарди денари.

За реновирање на деловен простор, граѓаните должат 1,07 милијарди денари.

Автомобилските кредити изнесуваат 424 милиони денари.

Долговите по други основи достигнуваат 3,62 милијарди денари.