Ги менува ли Македонија стратешките правци во надворешната политика.
Зошто власта се премисли па наместо украинско-европската, ја поддржа американската резолуција во Генералното Собрание на ОН? Дипломатска тактика или избрзан потег?
Кој е „аматер“, а кој „љубоморен“?
Во Топ Тема вечерва дебата со: Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ и
Петар Ристески, пратеник на ВМРО – ДПМНЕ.
- Направени се опсежни анализи за она што е стратешки интерес на РМ темелна анализа на светските политички движења како во МНР така и со премиерот и е одлучено да се биде ко-спонзор на резолуцијата на САД во ОН, истакна Петар Ристески, пратеник на ВМРО – ДПМНЕ.
Украинско – европската резолуција е поднесена на само неколку дена пред онаа САД.
„Не станува збор за аматеризам“, дециден е Ристески, според него Македонија како сериозна држава направиле претходна анализа и донеле одлука заедно со стратешкиот партнер да бидеме ко- спонзор на резолуцијата на САД.
Гледаме дека новата администрација се залага за брз мир во Украина, а на Македонија секогаш и биле најважни мирот и стабилноста.
Тој потсети дека земјава е стратешки партнер на САД од 2008 година, а ова еден вид на дипломатска инвестиција.
Ристески истакна дека ВМРО – ДПМНЕ и како опозиција во Собранието на РМ ја поддржала декларацијата заедно со сите политички партии за поддршка на Украина.
„Се уште сме на ставот за обезбедување на интегритетот и суверенитетот на Украина и дека Русија е агресор“, рече во вечерашната Топ Тема, пратеникот Ристески.
Топ Тема е во тек, може да ја гледате на нашиот Фејсбук профил











