Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Трет ден блокада на товарниот сообраќај на границите во Западен Балкан

/

пред 249 дена

Сподели преку :

Протестот на транспортните превозници веќе трет ден го блокира товарниот сообраќај од Западен Балкан.

Камионџиите ги поставија своите транспортери на граничните премини кон Шенген-зоната, барајќи измени во правилото за електронска евиденција за престој во согласност со правилото 90/180 дена.

Првичните проценки на коморите се дека дневните штети за регионот достигнуваат 100 милиони евра.

Претставниците на транспортерите велат дека превозниците често на граница се третирани како криминалци и дека добиваат и годишни забрани за влез во ЕУ во своите пасоши.

За Вестите на Телма во 12:30 часот од Блаце се јави Срѓан Стојанчов.

Б.С.