Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Почна интервјуирањето на кандидатите за претседател на ДКСК

/

пред 325 дена

Сподели преку :

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ги почна интервјуата со дел од кандидатите за избор на претседател на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).

Постапката продолжува по завршувањето на локалните избори, а Собранието врши повторен избор на прв човек на ДКСК по оставката на Татјана Димитровска, осомничена за вмешаност во случајот „Адитив“.

Десет кандидати ги исполнуваат законските услови кои се поставени од страна на Комисија за селекција на кандидатите формирана на 13 август.

Во Вестите на Телма во 12:30 со детален извештај од собранието се јави Миомир Серафиновиќ.

Б.С.